13.04.2010.
Тренинг за НВО-ата кои нудат бесплатна правна помош на жртвите на домашно насилство

Image

Македонски Центар за Женски Права - Шелтер Центар во соработка со канцеларијата на UNIFEM во Скопје, оддржа тренинг за подобра заштита на жртвите од семејно насилство. Тренингот се осврна на прашањето на пружање на бесплатна правна помош од страна НВО-ата за гореспоменатите ранливи категории на жени.

На една од тренинг сесиите, нашата адвокатка оддржа предавање за кривичниот аспект на семејното насилство, кадешто даде професионален осврт на имплементирањето на бесплатната правна помош како услуга, преку давање на правно советување како и судско застапување во кривични и граѓански постапки пред судовите.

Тренингот послужи за да се претстави нашата долгогодишна работа, како и да се подели искуство со другите организации коишто присуствуваа коишто можеа поподробно да се запознаат со процесот на правна заштита за жртвите на семејно насилство.