|
|
|
| 1.12.2009. | |
|
Собирање и употреба на податоци за ефективност во политиките против насилство врз жените
Во организација на регионалната канцеларија
на УНИФЕМ за Централа и Источна Европа на 23 и 24 ноември во Сараево се одржа конференција
со цел да се подобри ефективноста и одговорноста на институциите кога се асистира
при заштита на жртвите од домашно насилство. Учесниците од регионот на Балканот
(Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна
Гора и Македонија) ги презентираа нивните сопствени постапки и искуствава за собирње
и употреба на податоци во врска со насилството врз жените. Нашата организација зема учество преку
презентација одржана од страна на г-ца Наде Качакова давајќи осврт кон мандатот за постапување при згрижување, следење
на внатрешните протоколи како и собирање и употребување на податоци за насилството
врз жените. Имајќи ја на ум важноста за втемелување
на интегративе национален систем за собирање податоци во врска со домашното насилство,
беше нагласена потребата од соработка помеѓу институциите коишто креираат и имплементираат
политики во областа на домашното насилство,
а со цел да се одбегне додатното трауматизирање
на жртвите или врз нивните деца. Системот за собирање на податоци против
насилството врз жените сеуште не е спроведен во земјите на Југо-Источна Европа,
но важни иницијативи кон оваа цел се прифакаат како дел од националните стратегии
во гореспоменатите земји. Во согласност со нашите постоечки програми,
ние собираме и употребуваме информации на различни начини. Нашата интернет страница
главно содржи различни сектори, обезбедувајќи информации во врска со насилството
врз жените и женските човекови права. Нивото на присутност на насилство во животот
на жените тешко е да се измери, со оглед на приватна или скриена природа на најгрозоморните
настани, како и културните бариери кои ги спречуваат жените да го пријават криминалот. Врз основа на предлозите за меѓународни
индикатори за насилството врз жените и националното ниво на приоритети важно е да
се развие рамка на индикатори за насилството врз жените во регионот на Југо-Источна
Европа, каде што и Македонија припаѓа. |
| < Претходно | Следно > |
|---|





