• English

MWRC - Шелтер Центар

Македонски центар за женски права - Шелтер Центар е невладина, неполитичка и непрофитабилна, лобистичка женска организација која работи за афирмација, имплементација и заштита на женските права.

 
Почетна arrow Новости arrow Новости arrow Настан „Жената Има Моќ“
Настан „Жената Има Моќ“ PDF Испечати Е-пошта
19.10.2009.

На 13-ти Октомви со почеток во 11ч во хотел Best Western – Скопје, во организација на Македониски Центар за Женски Права, се одржа настанот "Жената Има Моќ" . Идејата за случување на овој настан дојде како продолжение на студиското патување организирано од People to People - "Борба против дискриминација - легислатива и позитивни примери" коешто се случи во Брисел од 14-17 Април 2009. Ова патување имаше за цел да им понуди на поканетите претставници на гражанското општество, невладини организации да ги посетат институциите на ЕУ, процеси на креирање на политики, програми како и примена на најуспешни примери и искуства. Бидејќи ова студиско патување послужи за вмрежување и отварање на можности за заедничка соработка, ја искористивме приликата да ја поканиме г-а Мади Шарма , член на Европскиот Економски и Социјален Комитет при Европската Комисија како активен борец против дискриминација врз жените и успешен претприемач.

Image

Настанот "Жената Има Моќ" се одвиваше во два дела - првиот дел беше панел дискусија кадешто говорници беа г-а Мади Шарма и г-дин Ментор Кадриу претставник од   "Sida" – Шведската Меѓународна Агенција за Развој и Соработка. Во обраќањето на говорниците се даде осврт на прашањето зошто е битно жените активно да бидат вклучени во економијата и во процесот на претприемништвото , а преку тоа да бидат обезбедени еднакви услови при вработување на мажите и жените. Беше посочено дека во текот на опстојувањето на Македонски Центар за Женски Права активностите се фокусираа кон промоција и заштита на женските права и справување со домашното насилство, во чии рамки спаѓа и економското насилство врз жената. Економското насилство врз жената како горлив проблем се провлекува паралелно со економските прилики со коишто нашата држава се соочува поминувајќи низ процесот на транзиција. Бидеќји нашата организација постои од самото осамостојување на Македонија како независна држава, до денес, според базата на податоци со коишто располага нашата организација, од вкупниот број на жени кои се обратиле за помош или совет поради одреден вид на прекршување на нивните права, 72% се соочиле со проблемот на економска зависност. Овој податок сам за себе доволно говори за поврзаноста помеѓу економската несигурност и домашното насилство. Со цел да се излезе од тој круг на финансиска зависност, несигурност и ризик од виктимизација врз жената, потребно е веќе успешните  жени со иновативни идеи коишто доведуваат до создавање на работни места, да се мотивираат од страна на разни институционални структури за да можат тие жени своите планови да ги остварат. За таа цел се потребни механизми со чие имплементирање жените претприемачи ќе имаат бенефит. Во оваа насока, г-а Мади Шарма ја претстави својата успешна приказна од чие позитивно искуство ќе превземеме иницијативи за подобрување на економскиот статус на жената.  Учесниците , претставници од агенциите на ОН во Скопје, ЕУ мисијата во Скопје, како и претставници на невладиниот сектор учествуваа во дискусијата преку прашања и коментари . Беше истакнато дека во Македонија сеуште владее традицијата кадешто сеуште мажот ја има главната улога во семејството како обезбедувач на средства за егзистенција и дека присутен е обичајот мажот да го наследува имотот. Поради овој факт, жената се соочува со потешкотии да земе кредит за започнување на свој бизнис и нема свој имот со којшто може да располага , а со тоа и да го стави истиот под хипотека. Вториот дел од настанот беше организиран како работилница водена од г-а Шарма, кадешто сите учесници директно учествуваа преку пополнување на формулари и симулација на понуда и побарувачка преку производи. Оваа работилница имаше за цел да ги развие способностите на пазарно размислување и изнаоѓање на можности и начини за добивка.По завршувањето на овој настан се зборуваше за покренување на иницијативи за вклучување на жените во пазарни активности, а со тоа и до остварување на нивна социјална инклузија, без разлика на тоа дали се работи за жени со формално образование или жени коишто поседуваат некакви вештини и способности а коишто можат парично да ги преточат и да имаат бенефит од истите.

Image

Последно ажурирање ( 19.10.2009. )
 
< Претходно   Следно >

Донатори

Advertisement