• English

MWRC - Шелтер Центар

Македонски центар за женски права - Шелтер Центар е невладина, неполитичка и непрофитабилна, лобистичка женска организација која работи за афирмација, имплементација и заштита на женските права.

 
Почетна arrow Содржини arrow Програма за женски права
Програма за женски права PDF Испечати Е-пошта
29.05.2008.

Ова програма има за цел да обезбеди ефикасна заштита и подобар пристап кон правниот систем за женските маргинализирани групи во Македонија. Програмата за женски права ги опфака следниве области:

 

-Бесплатна правна помош за сите жени чиишто права се повредени. Правната помош се состои во пружање на советодавни услуги и судско застапување. Оваа програма е наменета за сите жени кои од финансиски или други причини не можат самите да си обезбедат правна заштита. Голем број од жените секојдневно се соочуваат со повреда на основните права и тоа како последица на акти на домашно насилство, полова дискриминација, сексуална злупотреба и трговија со жени.  Нашиот стручен тим успешно работи на  решавање на овие проблеми преку советување, застапување во кривична и граѓанска постапка како ипреку медијација со разни домашни и странски институции.


Побарај помош

» Kerko ndihme


Во моментов работи канцеларијата за правна помош во Скопје подржана од ОСИ, и канцеларии во Струга и Струмица подржани од Финското министерство за надворешни работи


- Мониторирање на имплементирањето и заштитата  на женските човекови права преку користење на законските механизми за заштита на истите.

 

- Кампањи за подигање на јавната свест и едукативни активности за постоењето женските права и потребата од нивно почитување и заштита.

Последно ажурирање ( 30.05.2008. )
 
< Претходно   Следно >

Донатори

Advertisement