Македонски центар за женски права - Шелтер Центар е невладина, неполитичка и непрофитабилна, лобистичка женска организација која работи за афирмација, имплементација и заштита на женските права.
При директна работа со жртвите, МЦЖП – Шелтер Центар
освен тоа што ги нуди своите постоечки сервиси, исто така се труди да ја
прошири својата рамка на дејствување , а со тоа да и овозможи
поквалитетна
заштита на својата целна група.
Од 6-08 Мај, 2010, нашиoт донаторот - Шведската фондација
Kvinna till Kvinna организирашe
конференција на тема "Достиг со цел да се направи промена" во Црна
Гора за 150 претставници од женски организации од целиот Западен Балкан. Жените
од Блискиот Исток, Јужeн Кавказ и Либерија исто така беа поканети да учествуваат
на средбата.
Македонски Центар за
Женски Права - Шелтер Центар во соработка со канцеларијата на UNIFEM во
Скопје, оддржа тренинг за подобра заштита на жртвите од семејно
насилство. Тренингот се осврна на прашањето на пружање на бесплатна
правна помош од страна НВО-ата за гореспоменатите ранливи категории на
жени.
Во организација на Kvinna Till
Kvinna и ЦИРа ( Центар за
Институционален Развој Агенција) Од 14- 18 Март 2010 воКотор, Република Црна Гора се оддржа семинар
на тема “Прибирање на средства” (fundraising).
Во рамките на проектот "Мониторинг
на судски постапки" финансиски поддржан од Министерство за Надворешни Работи на
Сојузна Република Германија, со имплементирање на активностите од истиот , издадена
е публикацијата "Мониторинг на судски постапки".